Дома Фудбал Италија Голем ден за „росонерите“: Во Милано денес се отвара нова страница!

Голем ден за „росонерите“: Во Милано денес се отвара нова страница!

Голем ден за „росонерите“!

Поранешниот извршен директор на Арсенал, Иван Газидис од денес таа функција ќе ја извршува во редовите на Милан.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тој пред неколку месеци ја напушти својата функција во Северен Лондон и го прифати повикот од фондот Eлиот.

Во Милано ќе заработува четири милиони евра годишно, а прва цел веројатно ќе му биде успешно да ги заврши започнатите преговори со Златан Ибрахимовиќ и Сеск Фабрегас.

Газидис во текот на својот престој во Арсенал успеа двојно да ги зголеми приходите на клубот од „Емирати“, па секако на „Сан Сиро“ се надеваат дека би можел да го направи истото.

Официјално овој човек ќе биде претставен за четири дена, но Газидис веќе беше покрај претседателот на Милан, Скарони и директорите Леонардо и Малдини во натпреварот против Дуделаж во Лигата на Европа.

Покрај трансферите Газидис ќе работи и на обновување на соработката со компанијата „Флај Емирејтс“, а ќе мора да претстави и нов бизнис план на произведувачот на спортска опрема „Пума“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги тренер на сезоната во Серија А

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона…