Дома Останати СЕ Е СПРЕМНО: Вајлдер и Фјури ги поминаа мерењата – обезбедувањето повторно интервенираше! (ВИДЕО)

СЕ Е СПРЕМНО: Вајлдер и Фјури ги поминаа мерењата – обезбедувањето повторно интервенираше! (ВИДЕО)

Се е спремно за еден од најисчекуваните бокс мечеви во последно време.

Вчера беше направено и последното мерење, а утре рано наутро по наше време Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури ќе влезат во рингот.

Програмата во Лос Анџелес започнува околу три часот наутро по наше време, додека Вајлдер и Фјури силите би требало да ги одмерат околу пет.

Направено беше и официјалното мерење, па Вајлдер во мечот влегува со 96.4 килограми, а Фјури со 116.3.

Како и на прес-конференцијата така и тука имаше возбудувања и мораше двата борци да бидат раздвојувани.

„Се тресе, неровозен и не го сака овој меч, ќе биде нокаутиран – сите негови 96 килограми“ беснееше Фјури, додека Вајлдер (кој на мерењто беше со маска се обидуваше да остане смирен и порача: „Приказната е евтина, делата зборуваат повеќе од зборовите. Утре ќе ослободам се што е во мене“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Спид истрча 100 метри за 10,35 пред Болт: Следна цел му се Олимписките игри!

Американскиот стример го воодушеви Јусеин Болт со неофицијален спринт, а зад неговиот напр…