Дома Фудбал Лига на шампиони Меси е избран за најдобар играч во Лигата на Шампионите

Меси е избран за најдобар играч во Лигата на Шампионите

Напаѓачот на Барселона, Лео Меси е избран за најдобар фудбалер на 5. коло во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Потсетуваме, Меси со својата Барса победи во гости против ПСВ со 2:1, а Аргентинецот постигна еден гол на тој натпревар и тоа на маестрален начин. Освен него, во конкуренција за најдобар играч на ова коло беа и Дрис Мертенс (Наполи), Максел Корнет (Лион) и Арјен Робен (Баерн Минхен).

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Инаку, голот на Меси против ПСВ беше 106. за Барселона во Лигата на Шампионите и стана играч со најмногу постигнати гола за еден клуб во споменатото натпреварување. Вреди да се додаде дека ова за Аргентинецот e трето признание оваа сезона, освен него по еднаш ова признание го освоија и Един Џеко и Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид ги стави на пауза преговорите со Ридигер

> Договорот на Антонио Ридигер (32 години) со Реал Мадрид истекува на крајот на оваа сезон…