Дома Фудбал Италија Интер погреши: Минатото лето одбија 50 милиони евра, а сега тој се сели на клупата?

Интер погреши: Минатото лето одбија 50 милиони евра, а сега тој се сели на клупата?

Според тоа што се случува оваа есен, Интер направи голема грешка.

Интер во текот на летото пропушти да добие голема сума за Иван Перишиќ. Сега Хрватот станува проблем, игра слабо во текот на целата есен, а на Спалети му недостасува алтернатива.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ќе потсетиме, Интер за Перишиќ одби 50 милиони евра за Перишиќ ко јстави потпис на нов договор, но оваа есен целосно се изгуби.

Во клубот признаваат дека постои проблем со неговите настапи, но ако не игра цената дополнително ќе му падне. Хрватот кој има 29 години би можел идното лето да се пресели во

Премиер лигата, со оглед на тоа дека вчера зборуваше за неговата желба да заигра на Островот.

Но, никој сега за него нема да плати горомна сума. Перишиќ одигра 17 натпревари и постигна само два гола во сите натпреварувања.

Интер во недела ќе го игра дерби во Рим, Спалети изгледа го изгуби трпението, па Перишиќ ќе биде преселен на клупата, а од првата минута покрај Икарди и Политано се очекува да стартува Кеита Балде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…