Тајсон Фјури во сабота ќе се бори против Деонтај Вајлдер во мечот за титулата за тешка категорија во ВБЦ.
Со оглед на имињата кои ќе се најдат во рингот сигурно не очекува голем спектакл, а борците ќе заработат огромна сума на пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фјури се одлучи заработката од овој меч да ја донира во хуманитарни цели.
„Целата заработка од овој меч ќе ја донирам за изградба на домови за бездомниците. Не ми требаат толку пари и не знам како подобро да ги искористам. Не сакам да бидам милионер или милијардер. Јас сум боксер, а не бизнисмен, а на крајот веројатно ќе завршам како и поголемиот број боксери, шворц“.
„Парите не можеш да ги однесеш со себе во гроб, па подобро да направам нешто за оние кои им е најмногу потребно“, изјави Фјури.