Бразилецот на крајот одигра и клучна улога во големата победа на „светците“.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар откри дека не бил во целост спремен за натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ го победи Ливерпул со 2:1, а еден од погодоците беше дело токму на Нејмар.
„Не бев 100% спремен, но тоа беше важен натпревар. Повреден или не, морав да играм, немаше шанси да ја пропуштам. Среќен сум што победивме и што покажавме вистински дух, тоа беше клучно. На сите им покажавме дека сме одлучни да стигнеме што подалеку во Лигата на шампионите“, изјави Нејмар за француските медиуми.
ПСЖ во последното коло на 11-ти декември ќе игра против Црвена Звезда во Белград.
На табелата во групата Ц, Наполи е прв со девет бодови, ПСЖ има бод помалку, Ливерпул на третото место има шест, Звезда е последна со четири.