Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ: Во Баерн постои крт?! Можете да замислите што ќе му направам ако го откријам

Салихамиџиќ: Во Баерн постои крт?! Можете да замислите што ќе му направам ако го откријам

Ситуацијата во Баерн е многу помирна откако германскиот гигант со 5:1 ја победи Бенфика во предпоследното коло од Лигата на шампионите.

Пред овој натпревар се претпоставуваше дека ова ќе биде последен за Нико Ковач на клупата на гигантот од Минхен, но сега ситуацијата е променета.

Германските медиуми пишуваа дека Баерн преговара со Арсен Венгер, но Хасан Салихамиџиќ ги демантираше таквите информации.

„Не. Со 100% сигурност можам да ви потврдам дека тоа не е вистина. Разговаравме за проблемите, но во ниту еден момент не сме разговарале за други тренери“, истакна Салихамиџиќ.

Новинарите ги интересираше од каде на медиумите им се таквите информации и дали постои „крт“ во соблекувалната на Баерн.

„Ако постои, можете да замислите што ќе му направам ако го фатам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Веќе не го сакаат: Еве што го дочека Алварез утрово во тренинг-центарот (Фото)

Хулијан АлвареЗ стана централна фигура откако испливаа нови детали за неговата потенцијалн…