Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатно: Роналдо во ЛШ има повеќе победи од Јувентус и уште 135 други клубови!

Неверојатно: Роналдо во ЛШ има повеќе победи од Јувентус и уште 135 други клубови!

Кристиано Роналдо иако синоќа не постигна гол против Валенсија, сепак ќе го памети овој меч бидејќи тоа беше неговата 100-та победа во Лигата на шампиони, што е апсолутен рекорд.

Роналдо е исто така рекордер и по бројот на голови (121), асистенции (40) и трофеи во ЛШ (5), а повеќе настапи во ова натпреварување од него има само Икер Касиљас, иако е само прашање на ден кога Португалецот ќе го престигне.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку статистички податоци покажуваат колку е Роналдо всушност голем фудбалери. Имено, тој во кариерата има повеќе победи во ЛШ отколку неговиот клуб Јувентус. Португалецот има 100 победи, а Јувентус кој е европски гигант има девет помалку – 91.

Во ЛШ од нејзиното основање настапувале 140 клубови, а само четири имаат повеќе победи од Роналдо. Тоа се „неговите“ Реал Мадрид (155) и Манчестер Јунајтед (117), потоа Барселона (141) и Баерн Минхен (131).

Неверојатно, но вистиното – останатите 136 клуба се под Кристиано Роналдо!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…