Дома Фудбал Италија Игуаин: Среќен сум во Милан!

Игуаин: Среќен сум во Милан!

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во интервју за „Скај Спорт“ категоричо ги демантираше шпекулациите дека не е среќен во Милан.

Игуаин ја одработува суспензијата од два меча во Серија А, но утре ќе го води нападот на „росонерите“ против Дуделанж во Лига Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Направив грешка, се извинив и верувам дека тоа повеќе нема да се случи. Сакам да му покажам на Милан дека не погреши што инвестираше во мене. Јас сум многу среќен овде и сите во клубот го знаат тоа“, изјави Игуаин.

„Утре треба да победиме по секоја цена бидејќи нашата цел е да ја поминеме групата. Имам голема желба да играм, не сакам да бидам надвор од тимот“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Драма во Саудиска Арабија: Роналдо повраќал, интервенирале докторите!

Кристијано Роналдо се соочил со здравствени проблеми за време на натпреварот меѓу Ал Наср …