Дома Фудбал Лига на шампиони Алисон е убеден: Можеме да го запреме и Нејмар

Алисон е убеден: Можеме да го запреме и Нејмар

Голманот на Ливерпул, Алисон е убеден дека одбраната на неговиот тим може да се избори со Нејмар во натпреварот против ПСЖ на „Паркот на Принцовите“.

„Црвените“ патуваат во Париз за натпреварот од петтото коло во Лигата на Шампионите. Екипата на Јирген Клоп на второто место во групата Ц е зад Наполи, со само бод повеќе од францускиот шампион. Затоа за клубот од „Енфилд“ би се отстранила загриженоста доколку го совладаат ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По репрезентативните паузи имаше прашање дали францускиот тим ќе ги има на располагање Нејмар и Мбапе, кој беа повредени, но тренерот Томас Тухел изјави дека првите ѕвезди на тимот ќе бидат спремни за можеби и решавачкиот натпревар во најелитното клупско натпреварување.

„Тие се потпираат на Нејмар, но нашата одбрана е многу добра, можеме да го запреме. Очекувам дека натпреварот ќе биде навистина интересен“, изјави Бразилецот.

Натпреварот во Париз на програмата е во среда од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Маја…