Дома Фудбал ФОТО: „Адидас“ промовираше маска „гладијатор“ посветена на прославата на погодоците на Дибала

ФОТО: „Адидас“ промовираше маска „гладијатор“ посветена на прославата на погодоците на Дибала

Паоло Дибала стана препознатлив по својата прослава на погодоците.

Аргентинската ѕвезда од редовите на Јувентус погодоците ги прославува со прекривање на дел од неговото лице, а неодамна и откри од каде му дошла таква идеја и што тоа му значи.

„Идејата ја добив во 2016 година по завршувањето на натпреварот од Суперкупот против Милан. Промашив пенал и бев лут како рис. По завршувањето на сезоната на одморот го гледав филмот „Гладијатор“ и одлучив следниот гол да го прославам со маска на лицето, така се започна“, откри напаѓачот на „старата дама“

Сега, „Адидас“ промовираше и маска „гладијатор“ посветена на прославата на Дибала.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…