Дома Фудбал Лига на шампиони Најава и анализа: „Кралевите“ после потопот во Еибар гостуваат во Рим

Најава и анализа: „Кралевите“ после потопот во Еибар гостуваат во Рим

real roma

Рома е домаќин на Реал Мадрид во еден од натпреварите кои привлекуваат најголемо внимание во Лигата на Шампиони во вторник. На првиот меч славеше Реал со 3:0, но од тогаш многу нешта се сменија во двете екипи.

Рома одлична во Лигата на Шампиони, а очајна во Серија А

Кампањата на Рома во Лигата на Шампионите започна со висок пораз од 3:0 на Сантијаго Бернабеу. Но Рома се стабилизираше на восхитувачки начин и во продолжението забележа максимални 4 победи. Со ЦСКА Москва која има пет бода помалку, тие сеуште би ги задржале своите шанси за напредок, дури и ако загубат во вторник од Реал Мадрид. Тоа значи дека притисокот не е преголем за римјаните.

Начинот на кој игра Рома во Лигата на шампионите е единствената светла точка во екипата оваа сезона.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По 13 натпревари одиграни во Серија А, фудбалерите на Рома веќе имаат 18 бода помалку од Јувентус и 10 од второпласираниот Наполи. Со Интер, Милан и Лацио тие се надеваат дека сепак ќе обезбедат излез во Европа и следната сезона.

Моралот на екипата разбирливо не е најдобар, а менаџерот Еузебио Ди Франческо не можеше да го скрие неговото разочарување по поразот од 1:0 против Удинезе минатиот викенд. “Немавме желба да победиме”, изјави тој. “Тоа не е прашање на среќа, туку недостаток на желба”, заврши Ди Франческо.

Тој ќе се надева на реакција од тимот веќе на овој меч против Реал Мадрид, особено што ударните фудбалери на тимот Един Џеко и Ченгиз Ундер беа одморени во Удине.

Мадрид се опоравува по катастрофата со Еибар

Четири натпревари, четири победи, постигнати 15 гола. Нешто што е нормално за Реал Мадрид, па дури и под водство на неискусниот Солари. Но, гостувањето кај Еибар минатиот викенд беше вистински кошмар и за Солари и за Реал Мадрид. На одличните резултати им дојде крајот и тоа кај Еибар со неверојатен пораз од 3:0. Резултатот е кошмарен, но играта е уште полоша. Освен поседот на топката ништо друго не беше на страната на мадриѓаните.

Јасно е дека има структурни проблеми во екипата, а уште појасно е дека ќе следуваат играчки промени уште во јануари или пак наредното лето. Можеби затоа притисокот кај фудбалерите е уште поголем. Веќе оваа сезона се чувствува како изгубена, иако веројатно ќе обезбедат пласман во елиминациите на Лигата на Шампиони и се само шест бода подоле од лидерот во Ла Лига.

Ќе се случат играчки промени во Рим, во однос на мечот со Еибар. Карвахал ќе ја засили одбраната, а голема е можноста Иско и Васкес да стартуваат по катастрофалното издание на Асенсио и Цебалос.

Традиција и информации

Често играа овие две екипи меѓусебе во последните неколку сезони. Рома ги загуби последните три средби и при тоа прими 7 голови. Од друга страна Рома постигна само еден гол. Но на сите овие три средби Реал беше домаќин. Пред овие три средби Рома забележа уште еден пораз и тоа дома со 0:2.

Домаќинот нема да може да смета на Де Роси, Манолас и Пелегрини, додека под знак прашалник се Олсен, Пероти и Пасторе. Но овие последните тројца веројатно ќе бидат подготвени за настап. Од друга страна Реал Мадрид ќе биде бес Касемиро, Навас и Одриозола.

Един Џеко оди во вистинската насока

Един Џеко

Босанскиот напаѓач Един Џеко е директно вклучен во повеќето голови во Лигата на шампионите од кој било друг играч (пет гола, две асистенции). Освен тоа треба да биде полн со енергија откако одигра само 19 минути за време на викендот. Коефициентот дека токму Џеко ќе постигне гол на овој натпревар е околу 2.50, што е одлична можност за заработка. Особено, ако се знае дека одбраната на Реал доживеа катастрофа против слабиот Еибар пред само неколку дена.

 

 

 

 

Предлог тип за овој како и за други натпревари можете да пронајдете на професионалниот сајт за спортско обложување – „Кладење.мк“ (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…