Дома Фудбал Лига на шампиони Мурињо пред Јанг Бојс: Кој чуствува притисок нека остане дома

Мурињо пред Јанг Бојс: Кој чуствува притисок нека остане дома

Maнчестер Јунајтед вечерва игра за пролет во Лигата на шампионите.

Жозе Мурињо имаше јасна порака до играчите пред натпреварот со Јанг Бојс.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Новинарите на Островот сметаат дека Манчестер Јунајтед оваа сезона игра полошо на домашен терен, поради притисокот кој играчите го чуствуваат од навивачите.

„Па, ако чуствуваат притисок нека останат во своите домови. Каков притисок е тоа кога доаѓаат луѓе да навиваат за вас, сигурно е подобро отколку да играте пред празни трибини.Тоа е непочитување кон стадионот и навивачите, секако дека е подобро кога играте на домашен терен“, јасен беше Мурињо.

На Јунајтед вечерва му е потребна победа против Јанг Бојс, а во таков случај и победа на Јувентус против Валенсија тие на едно коло пред крајот од групната фаза би го обезбедиле пласманот во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Ливерпул повторно мораше да постигне гол во последните минути за победа, а Арне Слот го ко…