Дома Топ вести Перез даде „зелено светло“: Играчот на Реал се сели во Јувентус

Перез даде „зелено светло“: Играчот на Реал се сели во Јувентус

Се погласни се шпекулациите дека Хамес Родригез на крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид, но веројатно нема да сездржи долго на „Сантиаго Бернабеу“.

Хамес е на двегодишна позајмица во Баерн, но Баварците решија да не ја активираат откупната клаузула и ќе го вратат Колумбиецот во Мадрид на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во „кралскиот“ клуб конкуренцијата е огромна, а бидејќи претседателот Перез не сака да се откаже од Асенсио, Иско и Себаљос, донел одлука да го продаде Хамес.

Најсилен интерес за Колумбиецот покажува Јувентус, кој веќе се договорил со неговиот агент Жорге Мендеш.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез веќе дал „зелено светло“ и дека трансферот ќе изнесува 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…