Дома Фудбал Останато Мафијата обвинета за напад на фудбалерите на Бока

Мафијата обвинета за напад на фудбалерите на Бока

Градоначалникот на Буенос Аирес, Орасио Родригез изјави дека „аргентинската фудбалска мафија“ стои зад нападот на автобусот со играчите на Бока Јуниорс.

Фудбалерите на Бока беа нападнати со камења и солзавец пред финалниот натпреват против Ривер Плата, кој подоцна беше одложен поради нередите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Градоначалникот на Буенос Аирес за тоа го обвини водачот на групата Бара Брава на кого ден пред мечот полицијата од неговиот дом запленила 300 влезници за натпреварот на „Монументал“.

„Проблем е Бара Брава, мафија која повеќе од 50 години е во фудбалот. Тие се одговорни за сите инциденти, директно се поврзани со оваа немила епизода. На 300 луѓе им беше забрането да влезат на стадионот, па токму тие беа гавни актери на се што се случи“, изјави градоначалникот.

Јужноамериканската фудбалска федерација КОМНЕБОЛ утре треба да донесе конечна одлука кога ќе се одигра натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…