Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората е тема на британските медиуми, посебно кога ќе потфрли и нема да постигне погодок.
Бидејќи такво нешто се случи во натпреварот против Тотенхем, беше да се очекувано да му се пронајде нова мана – и статистичарите на Островот му пронајдоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мората е апсолутен рекордер по бројот на офсајди оваа сезона. Шпанецот оваа сезона во недозволена позиција бил дури 18 пати во досегашните 12 одиграни натпревари во Премиер лигата.
Ниту еден играч во Премиер лигата, не бил ниту блиску до Мората кој сам има повеќе офсајди од целиот тим на Бурнемоут, играчите на овој во недозволена позиција се нашле 16 пати.
На оваа статистика на Мората би можела да „позавиди“ и легендарниот Филипо Инзаги, кој додека играше фудбал беше познат по офсајдите. Само што Италијанецот беше и поефикасен од напаѓачот на Челзи.