Дома Фудбал Познат потенцијалниот датум за ново Суперкласико

Познат потенцијалниот датум за ново Суперкласико

Реванш натпреварот во финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока повторно е одложен.

Автобусот со фудбалерите на Бока вчера беше нападнат од страна на навивачите на Ривер по доаѓањето на стадионот, а поради повредите на фудбалерите натрепварот беше одлучено да се одигра денеска од 21 часот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Меѓутоа, од натпревар нема ништо. КОНМАБОЛ одлучи натпреварот повторно да се одложи, а познати се и датумите за евентуалниот реванш.

„Во контакт сум со претседателите на екипите и ќе го најдеме првиот слободен термин. Тоа нема да биде наредниот викенд, бидејќи тогаш во Буенос Аирес се одржува самитот Г20. Првиот слободен викенд е 8. и 9 декември и веројатно тогаш ќе биде одигра долгоочекуваниот натпревар.“

Голема е штетата што натпреварот не се одигра вечерва, но Домингез истакна дека услови за одигрување на финалето нема бидејќи екипите немаат исти услови за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…