Реал Мадрид вечерва излезе со официјално соопштение во врска со допинг скандалот кој вчера го објави Шпигел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во продолжение целосното соопштение на Кралевите:
Во врска со сторијата на „Шпигел“ за нашиот капитен Серхио Рамос, клубот сака да го каже следново:
1. Серхио Рамос никогаш не ги прекршил правилата за анти-допинг.
2. УЕФА побара специфични информации и веднаш го затвори случајот за кој се пишува, откако беа направени тестови од страна на експерти на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и експерти на УЕФА.
3. Што се однесува до останатата содржина на текстот, клубот нема да даде друг коментар, со оглед на тоа дека доказите се неосновани.