Дома Фудбал Италија Милан не сака да го купи Игуаин, ќе го враќа во Јуве

Милан не сака да го купи Игуаин, ќе го враќа во Јуве

Италијанските медиуми денеска пренесуваат информација дека Милан наредното лето ќе го врати Гонзало Игуаин назад во Јувентус.

Да потсетиме, Пипито во редовите на Милан стигна минатото лето на позајмица од Јувентус за 18 милиони евра, а доколку Росонерите сакаат да го откупат неговиот договор мора да платат дополнителни 36 милиони евра.

Сепак, Кариере дело Спорт пренесува дека Милан не сака да му дава плата од девет милиони евра за Игуаин до 2021. година доколку го купи, па затоа ќе се обиде да ја намали цената, а доколку не успеат, трансфер нема да има.

Да потсетиме, Игуаин во досегашниот дел од сезоната постигна седум погодоци на 13 натпревари, а против Јуве доби црвен картон поради кој ќе ги пропушти наредните два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…