Шпанецот Рафаел Надал и Американецот Сем Квери ќе играат во финалето на АТП турнирот во Акапулко, Мексико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот тенисер во полуфиналната пресметка на убедлив начин дојде до победата над Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:1 и 6:2.
Квери имаше потешка задача и тој во три сета го елиминира Ник Кирјос од Австралија: 3:6, 6:1 и 7:5.
Финалето е закажано за ноќта меѓу сабота и недела во 4 часот по средноевропско време.