Дома Топ вести Реал Мадрид ја „краде“ младата ѕвезда на Манчестер Сити

Реал Мадрид ја „краде“ младата ѕвезда на Манчестер Сити

Брахим Дијаз е еден од најголемите таленти во академијата на Манчестер сити, но се чини дека наскоро би можел да ја промени средината.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дијаз пристигна во Манчестер Сити како млад талент од Малага, сега има 19 години и би можел да го напушти клубот во потрага по поголема минута.

Проблем за „граѓаните“ е што договорот на Шпанецот истекува на крајот на сеозната, па играчот ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.

19-годишниот фудбалер одбива да потпише нов договор со Манчестер Сити, а таквата ситуација се обидува да ја искористи Реал Мадрид и тоа, верувале или не, со помош на братот на Гвардиола.

Имено, Пере Гвардиола е агент на младиот фудбалер и веќе започнал преговори со „кралевите“, кои се спремни да ја победат конкуренцијата и да го „украдат“ Дијаз уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…