Дома Фудбал Германија Во 2014 освои Светско првенство, а денес поради тепачка остана без клуб

Во 2014 освои Светско првенство, а денес поради тепачка остана без клуб

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и освојувач на Светското првенство во фудбал со Германија, Кевин Гроскројц, заработи отказ од тимот на Штутгарт поради учество во тепачка, во која што беше и полесно повреден.

„Не сакам повеќе ништо да имам со професионалниот фудбал“ изјави Гроскројц низ солзи на прес конференција.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гроскројц, кој има 28 години, од денеска остана без клуб.

„Погрешив и многу ми е жал. Спремен сум да ги сносам последиците. Жал ми е што пријателите и семејството ги донесов во ваква ситуација. Жал ми е и што го напуштам Штутгарт, на тимот и на фановите им посакувам се најдобро“ рече Гроскројц.

Од Штутгарт објавија дека раскинувањето на договорот бил единствен логичен потег, бидејќи сметаат дека Гроскројц го нарушил угледот на тимот и давал лош пример за младите фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Детали за тешката сообраќајка во која загина поранешен хрватски репрезентативец

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи минатата ноќ во Карловац загинаа две лица, меѓу …