Дома Македонски спорт Хокеарите редат победи: Како први во групата одиме во полуфинале!

Хокеарите редат победи: Како први во групата одиме во полуфинале!

Maкедонската хокеј репрезентација продолжува со одличниот настап на „Девелопмент Купот“ во Фусен, Германија.

После вчерашните две победи против Ирска и Андора, денес ја победивме и Португалија со што го освоивме првото место во групата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За разлика од претходниот натпревар против Андора како и што се очекуваше против Португалија видовме голема борба од која на крајот излеговме како победници со 5:4. Првата третина им припадна на Португалците, за потоа втората да ја добиеме со 3:1.

По оваа победа вечерва од 18:00 часот веднаш се игра и полуфиналето во кое ќе играме повторно против Андора, додека финалето се игра утре, кога е закажан и натпреварот за третото место.

Ќе потсетиме, станува збор за турнир кој е неофицијално Светско првенство за држави без затворени хокеј арени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…