Често пати во фудбалскиот свет може да се слушне дека Лионел Меси не би бил тоа што е доколку игра во Премиер лигата.
Лионел Меси има интересен одговор за оние кои сметаат дека тој не би доминирал во Англија, како што тоа го прави во Шпанија и дека би било интересно да се види како би се снашол на Островот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа е главен аргумент на оние кои го оспоруваат тоа дека Меси е најдобар во светот, бидејќи за разлика од Роналдо не се докажал во друго првенство.
Меѓутоа, Меси има интересен одговор кој го откри познатиот новинар Гилјем Балаг во книгата напишана за него.
„Нека ги погледнат терените во Аргентина, во Росарио на лоши терени, па бев прилично добар“, порачал Меси потсетувајќи на своите почетоци.