Дома Фудбал Останато Аргентина и се е можно: Украдена тетратката со тактика на тренерот на Ривер пред финалето со Бока!

Аргентина и се е можно: Украдена тетратката со тактика на тренерот на Ривер пред финалето со Бока!

Аргентина е во ичекување на реваншот од историското финале во Копа Либертадорес кое на програмата е на 24-ти ноември.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првиот меч на Бомбоњера заврши 2-2, а додека се искечува реваншот владее вистинска хистерија во Аргентина.

Денес во аргентинските медиуми се појавија фотогафии од пасошот на тренерот на Ривер, Марсело Гаљардо, заедно со тетратката на која ја има тактиката за реваншот.

На дел од листовите е запишана деталната програма за тренинзи, но и акции во нападот, како и комбинации при корнерите и слободните удари.

Медиумите шпекулираат дека тренерот на Ривер е навистина ограбен од страна на некој шпион на Бока. Се шпекулира дека документите се украдени од автомобилот на Гаљардо.

Во Аргентина фудбалот е повеќе од спорт, а ова е само уште еден доказ за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како ФИФА ја изгуби контролата и Светското првенство го претвори во грабеж на навивачите

Со приближувањето на стартот на Светското првенство, дознаваме дека врвните функционери на…