Иако пред неколку дена зборуваше дека се чувствува многу подобро отколку претходните месеци на психолошки план, тој утринава доживеа елиминација од турнирот во Акапулко откако загуби од Ник Кириос од Австралија со 0-2 (6-7, 5-7).
Иако станува збор за тенисер со најдобар ритерн, Ѓоковиќ не можеше да најде одговор за одличниот сервис на Кириос кој оствари дури 25 аса и имаше 81% успешност на прв сервис. Целиот меч беше тесен, а за неизвесноста најдобро зборува фактот што двајцата тенисери имаа по само една брејк топка при што Ѓоковиќ својата не ја искористи, а Кириос во последниот гем воопшто не му остави надеж на својот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За пласман во финалето, Австралиецот ќе игра со Сем Квери, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Чилиќ и Надал.