Дома Фудбал Англија Раниери: Јас сум Италијанец и се знае што ми е најважно

Раниери: Јас сум Италијанец и се знае што ми е најважно

ranieri

Во текот на вчерашниот ден Фулам го отпушти Србинот, Славиша Јокановиќ и на негово место го доведе Италијанецот, Клаудио Раниери.

Јокановиќ беше отпуштен откако Фулам после 12 одиграни кола се наоѓа на последната позицијата на табелата во Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Раниери во својата прва изјава како тренер на Фулам потенцираше на што ќе посвети најголемо внимание.

„Како италијански тренер за мене најважна е одбраната. Важно е да имаме вистинска визија за тоа како ќе се браниме, не само дефанзивците, туку целиот тим. За мене тимскиот дух е многу важен, знам дека Фулам има добар тим, потребна ни е и борбеност“, изјави Раниери за „Скај Спорт“.

Раниери на клупата на Фулам ќе дебитира на 24-ти ноември против Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…