Гонзало Игуаин нема по добро да го памети натпреварот против неговиот поранешен клуб Јувентус.
Освен што Милан беше поразен на „Сан Сиро“ со 2:0, аргентинскиот напаѓач промаши пенал, а во финишот од натпреварот и беше исклучен.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Веројатно „Пипита“ имаше преголема желба да му покаже на Јувентус дека погрешил кога се откажал од неговите услуги, но немаше своја вечер.
Ноќта за заборав на Игуаин ја прокоментира и сопругата на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.
„Се е во природата на играчот. Мојот Мауро е најдобар во тешките моменти, за Игуаин притисокот можеби беше преголем“, изјави Ванда.
https://www.youtube.com/watch?v=rh7Y_KZtQpI