Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни во вчерашното дерби му одбрани пенал на Гонзало Игуаин при водство од 0:1 за својот тим, на крајот „старата дама“ славеше победа од 0:2.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После натпреварот новинарите секако ги интересираше што Шчесни имаше да каже на оваа тема.
„Минатата година како втор голман, често пати тренирав со него. Беше еден од изведувачите на пенали и ми шутна многу пенали. Размислував и пред натпреварот на која страна би можел да шутира ако дојде до пенал. Претпоставив дека ќе шутира силно и по земја и добро е за нас што тоа и се случи“, изјави Шчесни.
https://www.youtube.com/watch?v=PqX_x0UBcJM
Пред самото изведување на пеналот, Шчесни имаше разговор и со Кристиано Роналдо.
„Ми кажа да тргнам порано бидејќи тој знаеше дека Пипита шутира силно. Но, како што кажав го знаев и јас тоа“, откри голманот на италијанскиот шампион.
Cristiano Ronaldo suggested to Szczesny where to dive to save Higuain's pk. He accepted the suggestion of Cristiano and saved the penalty. #MilanJuve pic.twitter.com/SimhSOEI0d
— Matchplug (@matchplug) November 12, 2018
На крајот тој и се пошегува на сметка на неговата добра одбрана.
„Не е лесно да се замени Буфон, бидејќи таквите голмани ретко примаат голови. Уште потешко е за луѓето како мене, на кои им паѓа концентрацијата ако подолг период немаат интервенција. Полесно е да се брани кога во просек на секои 10 минути имате некоја одбрана. Сепак, не се жалам“, се насмеа на крајот голманот на Јувентус кој оваа сезона на 11 натпревари во Серија А прими осум погодоци.