Дома Фудбал Реал задоволен – Солари останува до крајот на сезоната!

Реал задоволен – Солари останува до крајот на сезоната!

Раководството на Реал Мадрид е исклучително задоволно од работата на новиот тренер Сантиаго Силари, кој дојде како привремено решение после отказот на Лопетеги.

Откако Солари го презеде тимот „кралевите“ имаат четири последователни победи во исто толку натпревари, што е најсилен старт на некој тренер во историјата на клубот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според правилата на Фудбалската федерација на Шпанија, Реал Мадрид имаше рок од 15 дена да одлучи дали ќе го задржи Солари или пак ќе ангажираат друг тренер, а рокот истекува денес.

Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот Перез решил да му укаже доверба на стратегот и наскоро се очекува официјално соопштение од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Аморим „пресече“: Онана нема да настапи против Њукасл

Андре Онана е во центарот на вниманието во Манчестер јунајтед. Не затоа што направи нешто …