Дома Топ вести Земјотрес во Барса: Луис Енрике си заминува!

Земјотрес во Барса: Луис Енрике си заминува!

Такво нешто веројатно и можеше да се претпостави, но сега е и официјално – Луис Енрике ја напушта Барселона.

После натпреварот со Спортинг Хихон и убедливата победа на неговиот тим во 25-то коло од Примера (6:1), 46-годишниот стратег ги потврди навестувањата дека ја напушта функцијата на шеф на стручниот штаб од каталонскиот гигант на крајот од сезоната. Договорот му истекнува на 30 јуни и самиот Енрике сега и официјално потврди дека нема да го продолжи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Нема да бидам тренер на Барса наредната сезона. Начинот на кој ја работам оваа работа е причината поради која и ја напуштам. Ми остануваат само неколку часа во текот на денот за да се одморам од стресот кој го предизвикува водењето на овој тим. Потребен ми е одмор. Сакам да се заблагодарам на претседателот на клубот за довербата која ми ја укажа, на играчите за посветеноста и на професионализмот“, изјави Енрике на конференцијата за медиумите, само неколку минути откако во соблекувалната на Ноу Камп им ја кажа истата вест на првотимците.

За три години на клупата од Барса Енрике освои две титули во Примера, два Купа на кралот и една Лига на шампиони.

Неговата одлука да ја напушти Барса тесно е врзана со не баш пофалните резултати на актуелниот првак на Шпанија оваа сезона. Каталонците се пред елиминација од Лигата на шампионите (0:4 после првиот меч од осминафиналето со ПСЖ), во првенството Реал Мадрид е во предност (кралскиот клуб има и меч помалку), а како најреална надеж за освојување на пехар останува Купот на кралот, каде ривал им е Алавес.

Покрај сето тоа, ја нема онаа искра, оној жар на екипата која ја води Енрике, нема опуштеност, смеа на теренот, а шпанските медиуми со недеи пишуваат дека соблекувалната е незадоволна од неговата работа, иако играчите тоа го демантираа и велеа дека „илјада насто се со тренерот“, но неговиот договор нема да биде продолжен.

Прет претседателот на клубот, како и директорите на истиот, сега не е само една, одамна поставена цел, како предизвик – задачата да се продолжи соработката со првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, туку и наоѓање на нов шеф на стручниот штаб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…