Дома Фудбал Останато Каков спектакл: Епски пресврт во финалето од афричката Лига на Шампиони! (ВИДЕО)

Каков спектакл: Епски пресврт во финалето од афричката Лига на Шампиони! (ВИДЕО)

esperanca

Вчера фудбалерите на египетскиот Ал Ахли полни со самодоверба допатуваа во Тунис на реванш натпреварот од финалето во афричката Лига на Шампиони.

После победата од 3:1 на свој терен, Ал Ахли беше скоро сигурен дека во реваншот против Есперанса само ќе ја потврди титулата шампион на афричкиот континент, но тоа не се случи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Првиот натпревар во Египет беше проследен со бројни контроверзии, Тунижаните се жалеа на судењето, тренерите и играчите на противничкиот тим, организаторите, но ништо не им помогна.

Тензии го обележаа и реваншот. Автобусот на Ал Ахли бил нападнат на патот до стадионот на Есперанса, а еден гостински фудбалер се здоби со повреда. Сепак, натпреварот започна во планираниот термин, а Есперанса приреди вистинска сензија.

Се тресеше стадионот кога Бгуир во судиското продолжение од првиот дел погоди за водство од 1:0, се тресеше и кога истиот играч зголеми на 2:0 во 54-тата минута. Вистинска „експлозија“ настана кога во 86-тата минута Бедри после еден одличен соло продор ја потврди победата во двомечот.

https://youtu.be/nRYCIgJaOS8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…