Ѕвездата на ПСЖ и француската репрезентација, Килијан Мбапе искрено тврди дека Меси и Роналдо се уште се најдобри во светот, но смета дека „Златната топка“ треба да ја освои Французин.
Францускиот тинејџер се надева токму тој да ја добие престижната награда, откако одигра фантастична сезона со клубот и репрезентацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никој не е на нивото на Меси и Роналдо. Не можеме да кажеме дека дошол крајот на нивната ера, таа ќе заврши кога некој ќе биде подобар од нив. Но мислам дека нема да ја освојат оваа „Златна топка“, бидејќи имаше Светско првенство, а во таква година е различно. Но ако зборуваме како играчи, нема подобри од нив“, изјави Мбапе.
Мбапе се надева да биде првиот Французин после Зидан кој ќе ја освои „Златната топка“.
„Се надевам бидејќи постигнав многу големо нешто. Мислам дека ќе биде срамно доколку не ја освои Французин таа награда. Напишавме историја и ќе биде убаво да бидеме наградени“, заклучи 19-годишниот фудбалер.