Дома Фудбал Италија Конечно добра вест за Гатузо: Игуаин спремен за Јувентус!

Конечно добра вест за Гатузо: Игуаин спремен за Јувентус!

„Росонерите“ се соочуваат со големи проблеми пред еден од најтешките натпревари во сезоната.

Милан во недела го пречекува Јувентус, а Гатузо се уште не знае како ќе изгледа неговиот тим поради големи кадровски проблеми.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во вчерашниот натпревар против Бетис се повредија Мусакио, Чалханоглу и Кеси, така Милан стигна до бројка од 10 повредени фудбалери.

Сепак, последните информации од Апенините се дека најголемата ѕвезда Гонзало Игуаин го одработил денешниот тренинг со остатокот од тимот и готово сигурно ќе биде спремен за дербито во недела.

Покрај Игуаин во тимот се враќа и десниот бек Давиде Калабрија кој ги пропушти последните два меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бенфика и Челси започнуваат преговори за Жоао Феликс

Бенфика и Челси се среќаваат оваа сабота во Шарлот за осминафиналето од Светското клупско …