Манчестер Јунајтед синоќа запиша голема победа на гостувањето кај Јувентус, а во центарот на вниманието повторно е Жозе Мурињо.
„Црвените ѓаволи“ направија пресврт со два гола во последните минути, а по последниот судиски свиреж на сцена стапи „Специјалниот“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо влезе на терен и не пропушти да ги испровоцира домашните фанови, ставајќи ја раката на увото. Тој потег многумина го искритикува, вклучително и легендарниот Сколс.
„Кога ќе победите треба да покажете малку класа. Мислам дека немаше никаква потреба од тоа што го направи. Одите, ги поздравувавте фановите, се ракувате со тренерот. Тоа што тој го направи е непотребно, но едноставно тој е таков“, истакна Сколс.