Дома Фудбал Лига на шампиони Бензема воодушевен: Солари мора да остане

Бензема воодушевен: Солари мора да остане

Карим Бензема вчера стигна до бројката од 200 погодоци за Реал Мадрид, меѓутоа дел од фудбалската јавност и понатаму ги оспорува неговите квалитети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со заминувањето на Јулиен Лопетеги Реал Мадрид како да се препороди.

После победите во купот (Мелија) и Премиера (Ваљадолид), на ред дојде и Лигата на шампионите каде што Солари и Реал убедливо славеа во Чешка против Викторија Плзен со 0:5.

Кај Реал блескаше двократниот стрелец Карим Бензема кој после натпреварот истакна дека критиките не го погодуваат премногу.

„Сакам да постигнувам голови и да асистиран, се што напаѓачите и го прават. Играм фудбал за да останам запаметен, луѓето понекогаш не разбираат што правам на теренот. Сепак, тоа повеќе не ме погодува. Имам 30 години и свои деца и не размислувам за такви работи“, изјави Бензема.

Французинот потоа истакна воодушевување од тренерот Сантијаго Солари.

„Солари е одличен тренер, тој мора да остане барем до крајот на сезоната“, смета Французинот.

https://www.youtube.com/watch?v=t5MDAJQes-E

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чудесниот Мбапе чекори кон учинок каков што немал никој друг на еден Мундијал!

Килијан Мбапе (27) продолжува да плени на неговото трето Светско првенство во кариерата. В…