Дома Фудбал Италија Милан ослабен против Бетис!

Милан ослабен против Бетис!

Најголемата ѕвезда на Милан, Гонзало Игуаин ќе го пропушти утрешниот меч на „росонерите“ во Лига Европа против Бетис.

Аргентинскиот напаѓач не успеа да се опорави од повредата со која се здоби на мечот со Удинезе и нема да патува во Шпанија со остатокот од тимот.

Повредата на Игуаин не е сериозна, па италијанските медиуми најавуваат дека напаѓачот најверојатно ќе биде спремен за дербито против Јувентус во недела.

Покрај Игуаин за утрешниот меч Гатузо нема да може да смета уште на Бонавентура, Биглиа и Калдара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино скршен поради Сити: Вратете ни ја титулата, бевме измамени

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино со неверување ја дочека веста дека Манче…