Дома Фудбал Останато За Ван Дијк и Алисон Ливерпул плати повеќе од 140 милиони евра, знаете за колку Звезда го купи Павков?

За Ван Дијк и Алисон Ливерпул плати повеќе од 140 милиони евра, знаете за колку Звезда го купи Павков?

Oсвен што победата на Звезда против Ливерпул покажа дека чудата во фудбалот се можно, ова е примиер и дека парите не мораат да значат ништо во овој спорт.

Бидејќи, како да се објасни дека тим вреден 43.90 милиони евра со 2:0 победи тим кој вреди скоро милијарда евра? (913 милиони според „Трансфермаркт).

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Секако, Звезда толку вреди само на хартија станува збор за моменталните цени на нејзините фудбалери, а реалноста е дека тимот има вложено многу помалку.

Двата погодоци за Звезда вчера ги постигна Милан Павков кој беше доведен од Раднички Ниш во 2017 година за 300.000 евра. Дури и минатата сезона Павков ја помина на позајмица во тој клуб, во текот на летото се врати во Звезда, а сега цела Европа слушна за него.

Павков вчера ги измами Ван Дијк и голманот Алисон, двајцата играчи кои Ливерпул ги плати 141.3 милиони евра. Холанѓанецот дојде од Саутемптон за 78.8, а Бразилецот за 62.5 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=_rz_T3eRJy0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дарио Ивановски со историски подвиг – нов национален рекорд на 10.000 метри

На денешната трка од националниот Куп, која се одржа на Националната арена „Тодор Проески“…