Дома Фудбал Останато Донесена одлука за гостински навивачи во „Суперкласико“

Донесена одлука за гостински навивачи во „Суперкласико“

На 10-ти ноември ќе се одигра првиот финален натпревар од Копа Либертадорес во кој силите ќе ги одмерат најголемите аргентински ривали, Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Сепак, како што тоа е случај во првенството на Аргентина, ниту во финалето на Копа Либертадорес нема да видиме гостински навивачи на стадионите.

Во аргентинскиот клупски фудбал забраната за гостински навивачи е на сила од 2013 година, управите на Бока и Ривер одлучија дека е најдобро таа да се пренесе и во финалето на најголемиот клупски натпревар во Јужна Америка.

Но, тоа нема да го намали спетаклот, бидејќи „Суперкласико“ секогаш ги оправдува очекувањат. Се надеваме на одличен натпревар на 10-ти на „Бонбоњера“ како и на „Монументал“ 14 дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи не смее да го врзе целиот план во средниот ред само за Мектоминај

Преговорите за нов договор со Скот Мектоминај отворија важно прашање за Наполи: дали клубо…