Дома Останати Кошарка МЗТ Скопје паѓа на дното од АБА лигата: Пораз од Игокеа на домашен терен

МЗТ Скопје паѓа на дното од АБА лигата: Пораз од Игокеа на домашен терен

Кошаркарите на македонскиот шампион не ја искористија првата шанса за обезбедување опстанок во АБА лигата. Тие загубија на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ од Игокеа 67-71 во меч од 23. коло од регионалното натпреварување.

Сино-белите постојано заостануваа зад противникот, но секогаш беа на достижна дистанца до него. Во финишот со тројката на Ксавиер Темс поведоа и со 61-58, но потоа противникот постигна неколку коша во серија, и повторно го презеде водството, кое умешно го одржа до самиот крај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѓорѓе Дреновац со 16, Ксавиер Темс со 15 и Јуре Лалиќ со 10 поени не му помогнаа на МЗТ Скопје да го избегне
16-пораз сезонава во АБА лигата.

По овој пораз македонскиот шампион е во ситуација да „мора“ да забележи победа на еден од последните два меча и тоа против црногорските екипи на гостувањето кај Будуќност следниот понеделник, или домашен терен против Морнар во последното коло.

Оваа рунда во АБА лигата ќе биде заокружена во среда со натпреварот Задар – Цибона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Почина легендарниот кошаркар Оскар Шмитц

ЛЕГЕНДАТА на бразилската кошарка, поранешниот играч Оскар Шмитц, почина на 68-годишна возр…