Дома Топ вести Роналдо е најдобар изведувач на пенали во историјата на шпанската Примера

Роналдо е најдобар изведувач на пенали во историјата на шпанската Примера

Заедно со триумфот на Реал Мадрид на гостувањето кај Виљареал, со резултат од 3:2, во пакет дојде и уште еден, нов рекорд во шпанскиот шампионат.

Во 57-та минута, со гол од единаесет метри, Кристијано Роналдо стана најефикасниот изведувач на пенали во историјата на Примера со вкупно 57 погодоци. До претходно Португалецот го делеше врвот од оваа листа со Мексиканецот Хуго Санчез, некогашен напаѓач на Реал и Атлетико Мадрид, и Рајо Валекано.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трет најдобар изведувач на сите времиња од белата точка во Примера е Роналд Куман, бивш играч на Барселона, со 46 голови. Четвртото место го делат Лионел Меси и Љубосав Пенев, некогашен фудбалер на Валенсија, Атлетико Мадрид и Селта, кои ја имаат протресено мрежата со удар од единаесет метри по 43 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ваков малер немате видено: Ѕвезда на Баерн поради повреда го пропушта и второто Светско првенство?

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска попладне имаат можност да го освојат 35-тиот трофеј ша…