Ѕвездата на францускиот шампион ПСЖ и италијански репрезентативец, Марко Верати бил уапсен ноќта помеѓу вторник и среда поради возење во пијана состојба јавува „Екип“.
Полицијата го запреала Верати во рутинска контрола два и пол часа по полноќ, а италијанскиот фудбалер не го поминал тестот за алкохол. Верати бил приведен во полициска станица каде што го поминал остатокот од ноќта во ќелија за трезнење.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најдобрите италијански фудбалери утрото бил пуштен на слобода, а потоа му била одземена возачката дозвола и добил парична казна. Исто така, се очекува и санкции од страна на ПСЖ. Според некои информации, Верати наводно бил толку многу пијан што полицајците му помогнале да излезе од автомобилот.