Дома Фудбал Останато Хаос во Јужна Америка: Ривер може да биде исфрлен од финалето на Копа Либерадорес!

Хаос во Јужна Америка: Ривер може да биде исфрлен од финалето на Копа Либерадорес!

Аргентинските гиганти Ривер Плата и Бока Јуниорс остварија пласман во финалето на Копа Либертадорес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ривер и Бока би требало да се борат за титулата во Јужна Америка, но Фудбалската федерација се уште не го потврдила пласманот на Ривер во финалето.

Тимот на Ривер во реваншот го победи Гремио во Порто Алегре со 1:2 во еден навистина контроверзен натпревар. Меѓутоа, на полувремето во соблекувалната влегол и тренерот на аргентинскиот Марсело Гаљардо кој бeше суспендиран.

Исто така, користена е радио врска за да му дава упатства на асистентот Матиас Бискај, па од Гремио одлучија да испратат жалба.

Очигледно КОНМЕБОЛ ја разгледува бидејќи во официјална објава го изоставија името на Ривер. Напишано е дека првиот натпревар се игра на 10-ти ноември на стадионот на Бока „Бонбоњера“, но потоа само наведоа дека реваншот е на 24-ти ноември.

Ова на Гремио му дава надеж дека нивната жалба може да биде прифатена, а и на теренот владееше вистинска лудница бидејќи Бразилците сметаа дека се „ограбени“ од судијата.

https://youtu.be/E0A1Y96b3yI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Индија отстранета огромна статуа од Меси висока 20 метри (Видео)

Импресивна статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лео Меси, висока 20 метри, беше отстра…