Менаџерот на Лестер, Клод Пуел смета дека резултатот на мечот со Кардиф викендов во Премиер лигата нема никакво значење.
Лестер беше погоден од трагедијата во која загина нивниот претседател Вишај Шриваданапраба, па ова ќе биде прв натпевар на „лисиците“ после несреќата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалот не беше во нашите мисли оваа недела. Но овој викенд, како и изминатите, ќе играме за човекот кој направи премногу за нашиот клуб. Резултатот на овој меч воопшто не е важен“, истакна Клод Пуел.
„Важна е нашата желба, нашата сила да го дадеме најдоброто од себе за нашиот претседател. Мислам дека тоа е најважно во овој момент. Се надевам дека ќе најдеме баланс, бидејќи ако се оставиме само на емоцијата ќе биде тешко“, додаде францускиот стратег.
Leicester manager Claude Puel spoke with compassion as he took his first news conference since the tragic events of Saturday night.
Full story here: https://t.co/hNvKI62HlQ pic.twitter.com/EXIsSZaZRy
— Sky Sports News (@SkySportsNews) November 1, 2018