После повредата на Матиа Калдара приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Калдара кој ова лето пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување заработи повреда на ахиловата тетива и му следи пауза од неколку месеци.
Поради тоа „росонерите“ со сигурност ќе донесат нов дефанзивец во јануари, а последните информации од Италија тврдат дека би можело да се случи сензационално враќање на Тиаго Силва.
34-годишниот Бразилец оваа сезона не е незаменлив во ПСЖ, а и самиот никогаш не крие дека би сакал еден ден да се врати во Милан.
Тој е во одлични односи со спортскиот директор Леонардо и наводно му дал зелено светло за трансферот.
Доколку не успеат да го договорат овој трансфер „росонерите“ ќе се насочат кон Стефан Савиќ од Атлетико и Мехди Бенатиа од Јувентус.