Дома Фудбал Останато „Златна топка“: Работите се менуваат – Роналдо има голем адут на своја страна!

„Златна топка“: Работите се менуваат – Роналдо има голем адут на своја страна!

Изгледаше повеќе од извесно, но работите изгледа се менуваат…

Пред неколку месеци изгледаше како сигурно – Лука Модриќ според многумина незаслужено беше прогласен за најдобар во Лигата на шампионите, иако Роналдо постигна 15 голови на патот на Реал до новата европска круна.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Не се појави на доделувањето на наградите, а тогаш Хрватот ја собра и титулата најдобар од ФИФА, најмногу поради одличниот Мундијал со Хрватска.

Сепак признанието кое најмногу се вреднува е она од „Л’Eкип“, „Златната топка“, Модриќ е и понатаму фаворит, но коефициентите се менуваат, оној на Португалецот е во пад.

Тоа е така затоа што Модриќ од почетокот на сезоната е непропознатлив, а не му оди во прилог и тоа што Реал го има најлошиот старт во историјата, а тука повторно се поврзува со отсуството на Роналдо.

Ова е и најголем адут на оние кои сметаат дека Роналдо повеќе ја заслужува оваа награда. Роналдо во Јувентус постигна седум голови на девет првенствени натпревари, но забележа и пет асистенции.

Самиот Роналдо во вчерашното интервју за „Франс Фудбал“ беше „скромен“.

„Ја знам дека ја заслужувам шестата Златната топка“, изјави Португалецот.

Што ќе се случи останува да видиме на 3-ти декември, а можеби и порано во случај Роналдо да најави дека нема да се појави на доделувањето на наградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италијанец фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…