Лацио синоќа на својот Олимпико доживеа дебакл во дуелот со Интер, кој на крилата на Мауро Икарди славеше со 3:0.
Поразот на Небесносините го загрижи тренерот на Симоне Инзаги, кој призна дека неговиот тим моментално не е меѓу најдобрите во Италија и тоа најмногу поради менталитетот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имавме доста прилики да дојдеме до водство, но не постигнавме гол на време па се случи она што се случи. После првиот погодок се обидовме да одговориме, но примивме уште два. Морам да признам дека Интер беше подобар и дека заслужено славеше.“ – изјави Инзаги и додаде:
„Навистина не знам што ни се случува кога играме против големите екипи. Мислам дека во тие натпревари воопшто немаме самодоверба. Инаку, Интер е екипа која е изградена за освојување титули.“
Лацио оваа сезона загуби четири натпревари во Серија А, од Јуве, Наполи, Интер и Рома – сите ривали во борба за место кое води во ЛШ.