Дома Останати Кошарка НБА: Далас поразен во спектакуларен натпревар, Дончиќ фантастичен, Џејмс и Лејкерси со нов пораз (ВИДЕО)

НБА: Далас поразен во спектакуларен натпревар, Дончиќ фантастичен, Џејмс и Лејкерси со нов пораз (ВИДЕО)

Сан Антонио Спарси во фантастичен натпревар го победија Далас Маверикс после продолженија со 113:108.

НБА лигата вчера уште еднаш покажа зошто е најдобра во натпреварот помеѓу Спарси и Маверикс. На крајот повеќе среќа имаа домаќините и после продолженија стигнаа до победата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неверојатен натпревар гледавме од самиот почеток каде што двата тима се менуваа со водството, а резултатот на полувремето беше 53:45 за Сан Антонио и изгледаше дека домаќинот
лесно ќе го реши натпреварот во својот корис. Сепак, во продолжение Далас се врати, па стигна и до предност.

Во последните секунди од натпреварот се кршеше резултатот, а двете екипи можеа да стигнат до победата, а на крајот се заврши со 102:102. Во продолженија беа подобри Спарси кои славеа со 113:108.

Кај домаќините одличен беше Дерозан со 34 поени, Олдриџ додаде 20. Нов фантастичен натпревар за Далас одигра Лука Дончиќ кој постигна дури 31 поен запиша осум скокови и подели четири асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=IdqC0c3eTg0

ЛА Лејкерси запишаа нов пораз и тоа на гости против Минесота со 124:120. Недоволно беше тоа што Леброн Џејмс постигна 29 поени, запиша десет скокови и подели осум асистенции, Инграм уфрли 24 поени. Домаќините до победа ги предводеше Батлер со 32 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=3T6qrJGjVng

Голден Стејт славеше победа на гостински терен против Чикаго со 124:149. Фантастичен натпревар кај актуелниот шампион одигра Томпсон кој постигна дури 52 поени, Кари уфрли 23 поени. Во редовите на поразениот тим најдобар беше Блекенеј со 21 поен.

https://www.youtube.com/watch?v=TETHGF49GJ0

НБА резултати:
Индијана – Портланд 93:103

Филаделфија – Атланта 113:92

Мајами – Сакраменто 113:123

Њујорк Никси – Бруклин 115:96

Чикаго – Голден Стејт 124:149

Милвоки – Торонто 124:109

Минесота – ЛА Лејкерси 124:120

Сан Антонио – Далас 113:108 (после продолженија 102:102)

Денвер – Њу Орлеанс 116:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повтор…