Дома Фудбал Италија Марота се откажува и од парите од Јувентус, за што побрзо да му помогне на Интер?

Марота се откажува и од парите од Јувентус, за што побрзо да му помогне на Интер?

Интер има големи планови со новиот претседател Стивен Жанг, а прв чекор на најмладиот претседател во историјата (27 години) на „нероаѕурите“ веројатно ќе биде ангажманот на Бепе Марота.

Довчерашниот оперативец на Јувентус го подигна торинскиот гигант на здрави нози и постави темели за доминација на „старата дама“, не само во Италија туку и во Европа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој на крајот на октомври го напушти Јувентус, а според сите информации ќе го превземе Интер. Официјална потврда се уште нема, но неговото пристигнување во Интер засега не се доведува во прашање.

„Кориере дела Сара“ тврди дека Италијанецот е спремен да се откаже од најголемиот дел од компезацијата за да се придружи на Интер пред јануари.

Се наведува дека за Марота парите не се проблем, него му е до предизвикот кој му го нуди Интер.

Останува да се види дали Марота ќе успее да стави крај на империјата во која тој беше еден темелите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…