Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг е еден од само 499 сопственици кои го имаат овој специфичен модел на Ферари наречен „LaFerrari“.
Оваа брутална машина достигнува 100 км/х за само 2,9 секунди, а 200 км/х за неполни 7 секунди. За неговото производство е користена технолгијата од Формула 1, а максимална брзина што ја достигнува е 365 км/х. Исто како автомобил од Ф1 има контроли на воланот, а дополнителна предност е тоа што седиштата во внатрешноста се прилагодени за секој клиент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ферари од овој модел сакаше да направи хибриден спортски автомобил. Ги има само 499 и сите биле резервирани пред да бидат пуштени на пазарот. Освен Обамејанг, овој модел вреден милион фунти го имаат возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, пејачот Џастин Бибер, куварот Гордон Ремзи.